Денеска во Охрид ќе биде отворена НАТО регионалната школа за сабјер одбрана, во организација на Правниот факултет од Љубљана и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, а со поддршка од НАТО програмата за наука и мир.
За време на оваа школа, над 45 учесници од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Црна Гора, ќе имаат можност преку заеднички сесии и пленарни предавања од врвни експерти од областа ексклузивно да ги научат најновите достигања од овој домен.
Целите и темите на кои ќе се дискутираа на оваа регионална школа за сајбер одбрана се идентификување јасни приоритети за тоа кој, каде и како е одговорен за потребните акции за организација и спроведување на ефективна сајбер одбрана под сегашната НАТО иницијатива за сајбер политика, разбирање зошто превенцијата на сајбер напади и градење сајбер отпорност е критично не само за сајбер одбраната, туку и за целокупната одбрана, како и за развој на капацитетите за сајбер одбрана.
Школата ќе трае до 26-ти овој месец.
OhridNews