Викендов во Охрид заврши школата за сајбер одбрана, што се одржа во организација на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје и Правниот факултет од Љубљана, со поддршка од Министерството за одбрана. 

На свеченото затворање излагање имаше државниот секретар во Министерството за одбрана  Сашо Стефаноски,кој го истакна значењето на школата, посочувајќи дека на предизвиците во сајбер просторот во иднина ќе се обраќа се поголемо влијание.

На школата стана збор за определување на приоритети за ефективна сајбер одбрана во рамките на сегашните НАТО Сајбер иницијативи чија цел е да се заштитат владите, критичната инфраструктура, како и цивилното население на сојузниците и земјите партнери. Стана збор за борбата против сајбер нападите, правните и други последици од сајбер напади, како и за развивање на капацитети за одбрана од сајбер напади.

OhridNews