Деновиве во Охрид, Владимир Четкар го заврши снимањето за за насловната тема на новиот албум „Going Home“, на кое работеше заедно со Борче Димоски, со кого и претходно соработувал.

Сцените за песната „Going Home“ се снимаа на повеќе локации во Менхетен, како и на плажата Бонанца во Охрид. Промоцијата на видеото ке биде на крајот на Јуни.

Во меѓувреме Четкар патува за САД каде викендот ќе одржи два концерта во Детроит и Кливленд. На 1 Јуни, Сабота, Владимир Четкар ќе настапи во Детроит во Аретас Џез Клуб во историскиот Детроит Мјузик Хол, додека на 2 Јуни, недела, Четкар патува за Кливленд каде ќе одржи концерт во Боп Стоп , водечкиот џез клуб во Охајо.

Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во Јули.

OhridNews