Од Центарот за дијабетес при охридската Општа болница информираат дека во болничката аптека се обезбедени 1500 апаратчиња за мерење гликемија, како и гратис 50 ленти.

– Со оваа акција, која се реализира за прв пат по многу години, ќе обезбедиме 100% од наште пациенти кои се исклучиво на инсулинотерапија да ги добијат апаратчињата и со тоа дневно да ја пратат здравствената состојба, велат од Центарот за дијабетес .

Во центарот се регистрирани околу 1700 пациенти заболени од дијабетес.

OhridNews