Министерството за образование и наука распиша конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2018/2019 година.
Во учебната 2018/2019 година во јавниот ученички дом „Ванчо Питошески“ ќе се примат за сместување и исхрана вкупно 135 ученици од средното образование. Од прва година 50 ученици, од втора 40, од трета 25 и од четврта година 20 ученици.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 25.06.2018 година и трае до 01.07.2018 година. Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во прва година почнува од 04.07.2018 година и трае до 10.07.2018 година.
Учениците, кои имаат поднесена електоронска апликација комплетната документација ја доставуваат од 04.07.2018 година до 15.07.2018 година, во Министерство за образование и наука, согласно добиениот термин за поднесување на документи, добиен од Министерството.
Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28.07.2018 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.
OhridNews












