Во охридските хотели сезонава 30 проценти помалку гости од лани
11.08.10 07:30
Бројот на туристите во хотелите во Охрид во шпицот на туристичката сезона е помал за повеќе од триесет проценти во споредба со минатата година, кога исто така беше забележан пад на туристичкиот промет, предупредуваат хотелиерите. Гостите од соседните држави кои беа најбројни на ривиерата изминатите години, ова лето во Охрид ги има многу малку,. Причина за тоа според хотелиерите не се високите цени на аранжманите, туку финансиската криза и визната либерализација.
– Ние имаме сосема прикладни цени за вакви објекти на прва линија, со нормално сместување во хотели со 4 или 5 ѕвезди. Цените навистина се прифатливи за тие што имаат пари и што сакаат Охрид да го видат, а тие што имаат помалку пари и сакаат други дестинации во странство има и такви можности кои луѓето ги користат, вели Перо Кутаноски-главен менаџер во х. „Гранит“.
Како причини за слабата посетеност на Охрид, Кутаноски ја наведува и лошата инфраструктура како и неискористениот аеродром, каде во моментов слетува само еден чартер авион неделно.
-Нас во текот на туристичката сезона ни фалат два до три чартер авиони од странство со што би ги пополниле хотелските капацитети. Се надевам дека тоа ќе се случи и веќе од наредната година ќе биде подобро, додава Кутаноски.
Најголем дел од туристите на ривиерата оваа година се млади кои најчесто се сместуваат во некој од илјадниците викенд станови изградени во последните петнаесетина години. Нивната платежна моќ е многу мала, што најдиректно го чувствуваат угостителите, според кои, годинешната е една од најлошите сезони на охридскиот туризам.
– Како прво на Охрид му фали стратегија за развој на туризмот. Нема насочување кон одреден вид туризам, измешани се многу работи, така да од сите песимистички очекувања што беа за оваа сезона испадна уште полошо. Треба да се преземат конкретни активности за наредната сезсона инаку ќе доживееме тотално фијско во туризмот, вели Александар Силјаноски, косопственик на кафе-пабот „Кастело“.
Туристичките работници се надеваат дека економската криза го достигна максимумот и дека со подобро организирана и поагресивна промоција на странскиот пазар, догодина Охрид ќе има многу подобра летна сезона.
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.