Во општина Охрид, согласно донесената одлука на локалната самоуправа, од утре во сите основни и средни училишта наставата ќе се изведува редовно.

Од денес текот на наставата се нормализира и во сите училишта во општина Струга. Како што информираат од струшката локалална самоуправа, утрово во сите основни и средни училишта во оваа општина наставата започнала навреме, дури и во училиштето во село Јабланица каде се очекуваа можни проблеми поради обилните снежни наноси.

Редовна настава од денес се изведува и во училиштата во општина Дебрца.

Како што вчера изјави министерот за образование, Панче Кралев, загубените часови ќе може да се надокнадат со комбинација од одработување во саботите или евентуално продолжување на учебната година за неколку дена.

OhridNews