Со пригодни свечености, што денеска се одржуваат во општина Дебрца, охридските борци од НОБ и почитувачи на традицијата,  го одбележуват Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, 9-ти Мај.

Делагеација на борците утрово во месноста Раштани  положи цвеќе на споменикот на паднатите борци „Кременатец“, a поздравна реч имаше Гоце Георгиески – претседател на Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца.

Во рамки на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот денеска во Белчишта ќе биде промовирана книгата ,,Дебарца, Белчишта 9 мај 2010 година”, а свеченоста ќе биде збогатена со културно уметничка програма.

OhridNews