Во Охридско – струшкиот регион ќе никнат приватни здравствени установи
01.09.12 00:29
Во охридско – струшкиот регион каде има преку 40 невработени лекари ќе се доделат десет концесии и можност за 20 нови вработувања со отворање на приватни здравствени установи на примарно ниво.
Министерството за здравство е силно фокусирано на зајакнување на примарната здравствена заштита која е прво скалило и основа на здравствениот систем во секоја држава.
Огласот е доставен до Службен весник, и ќе трае 20 дена. Во него, се објавени условите под кои сите заинтересирани можат да аплицираат за доделување на овој тип концесии.
– Министерството за здравство ќе организира јавно надавање со почетна цена од 800 денари и минимално надавање од 100 денари. Тоа е еднократен износ на јавното надавање и по неговото завршување, кој ќе постигне највисока цена со тој ќе се склучи договор. Ова е во ситуација ако има поголем број заитересирани. По завршување на процедурата Министерството склучува договори со ПЗУ кои ќе бидат избрани, информираше Тодоров.
Потоа, потенцираше Тодоров, врз основа на тој договор за концесија, односно за влез во мрежата, Фондот склучува договор за финансирање на овие здравствени установи.
На последниот ден од 2025 година охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран# објави денеска министерот за транспорт Александар Николоски Изминатава година тим од...
Значително зголемен обемот на работа на Брзата помош во Охрид Со оглед на моменталната исполнетост на Охрид со туристи наместо стандардните две екипи во текот на утрешниот ден ќе биде ангажиран ушт...
Во овие свечени и радосни моменти, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме Новата 2026 година, ми претставува особено задоволство да ви се обратам со искрени честитки и најубави желби Најнапред,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.