Дел од лицата се приведени под сомнение и по основ за извршено кривично, како и за издржување на казна затвор. Приведени се и странски државјани со нерегулиран престој во државава, а едно лице е приведено за држење недозволени предмети. Дури 72 лица се однесени во полициските станици, поради поседување опојни дроги, а во изминатиов месец, голем е бројот на оние кои го нарушиле јавниот ред и мир.