Во црвеното возило „Опел омега“ кое македонската полиција го пронајде по масакрот кај Смилковоско Езеро, пронајдена е ДНК која одговара на еден од обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири.

Немилиот настан се случи на 12-ти април минатата година, кога на свиреп начин беа застрелани четворица тинејџери и 45-годишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево. Освен споменатиот Демири, за тероризам и за помагање во тероризам се товарат Африм и Агим Исмаиловиќ, како и Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири.
OhridNews












