
-Во врска со најавениот штрајк на СОНК од разговорот со претседателката на СОНК во нашето училиште Ве известуваме дека на одржаниот состанок со наставниците не била подржана одлуката од раководството на СОНК за одрживање на штрајк. Исто така на редовниот состанок пред почетокот на второто полугодие од учебната година со директорот на основното училиште Дебрца беше заклучено дека нема проблеми околу одржувањето на наставата во однос на греење и превоз на учениците. Според овие заклучоци во вторник 20 јануари ги повикувам родителите да ги пуштат своите деца на настава во училиштата. – изјави градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.











