Иако храната е основното човеково право, стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Според достапните податоци, повеЌе од 500 семејства во општина Охрид се социјално загрозени и се на работ на егзистенција, информираат од општинскиот Црвен крст. Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна.

Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид и Локалниот Совет на млади, по повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, од 16-22 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС”  спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените сограѓани.

OhridNews