Според Општинската изборна комисија во соработка со подрачната единица на Државната изборна комисија , направени се измени на одредени гласачки места.
Гласачко место 1254, наместо во објектот на ЕВН ќе се гласа во просториите на ЈП Комуналец во градскиот пазар. Гласачкото место 1265 ќе се гласа во ЕМО, 1266 од објектот Слобода сега е пренесено во ЕМО 1268 наместо во Живинарската фарма, сега е сместено во објектот Градинар на улицата Егејска. Во гласачкото место 1296 наместо во ОУ Велестово ќе се гласа во просториите на месната заедница. 1303 во приватна куќа на Јован Димоски, 1308 наместо во Месната заедница Воска во поранешната Градска аптека -Воска, 1313 наместо во месната заедница Подмолје, во приватна куќа на Митрески Станислав.