Основото училиште „Григор Прличев“ беше дел од одбележувањето на светскиот ден на детето (20 ноември) кое го организира УНИЦЕФ. На овој ден учениците го креваат гласот за правата на детето во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.
Во училиштето „Григор Прличев“ во Охрид се организираше забавен ден со сериозна порака. Учениците „превзедоа“ видни улоги за да фрлат светлина врз најгорливите предизвици со кои се соочува нивната генерација, под мотото „Децата ги превземаат училиштата“.
Сите ученици беа поучени со Конвенцијата за правата на децата, додека во одредени одделенија повеќе часови беа отстапени токму на учениците, се со цел, успешно да ја реализираат нивната замисла за подобар детски свет.
OhridNews

















