Денеска во ОУ „Св.Климент Охридски“ беше организиран настан под името „Ден без автомобилски чад“.

– Целта беше да се промовираат здрави навики, но и покрај тоа да се стави акцент на велосипедизмот. Настанот се реализира со возење велосипеди од училиштето до Горица 3. Оваа акција е успешна со самиот настан каде што ги наведовме учениците и вработените да ги извадат велосипедите и да ги понесат во училиште, а исто така сметаме дека овој настан ќе биде повод некои ученици кои не знаат да возат велосипед да се обидат да научат, а оние кои немаат ќе побараат да им купат родителите, велат од училиштето.

На настанот учество зедоа вработените и учениците од често до деветто одделение.

OhridNews