Инцидент се случи и во Собранието на Македонија, каде се повредени пратеничките од СДСМ Весна Бендевска и Билјана Казанџиска, пренесува „Телма“. Инцидентот се случи откако пратениците од опозицијата го обиколија спикерот Трајко Вељаноски кој беше седнат на своето место. Дојде обезбедувањето да го изнесе од салата, при што во турканицата и мешаницата, повредени се двете пратенички. Седницата на Собранието не беше започната, зашто опозицијата не дозволуваше почеток на седницата. На сеж му претходеа вербални препукувања кои започнаа откако се сретнаа пратениците од власта и од опозицијата, кои пак, целата ноќ ја минаа пред вратата на салата за седници која дотогаш беше заклучена. Во еден момент, кога вратата беше отворена, дојде до турканици при што, велат некои од пратрениците, биле разменети и удари.

По алармирањето дека се повредени двете пратенички, нив им беше помогнато и беа изнесени од собраниската сала и однесени во собраниската амбуланта каде им е пружена прва помош. Бендевска беше изнесена од колегите на раце и има добиено удар во главата и во ногата. Како што се дознава Казанџиска има полесна повреда од удар во стомакот.

По овие инцидентите тензиите се намалени, но нема услови за работа.

Во меѓувреме на интернет осамнаа и видеа од инцидентите во собранието:


Инциденти во македонското Собрание

OhridNews
извор:“Телма“
видео: You tune/ A1 on