Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, денес  со почеток во 19 часот и 30 минути, ќе го одржат шестиот состанок со Советодавната група граѓани од Пештани.

„Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор„ и „Злоупотреба на безвизниот режим„ се темите на состанокот на кој ќе стане збор и за други актуелни  теми  и проблемски случувања.

Шестата средба со Советодавната група граѓани од Пештани, ќе биде искористена и за дискусија во однос на  контролата на беснило кај животните и оралната вакцина кај лисиците и неопходноста од заштита од контаминација со вакциналниот вирус.

На состанокот ќе бидат поделени едукативни флаери и друг пропаганден материјал поврзан со темите. На средбата со Советодавната група граѓани што ќе се одржи  во просториите на Основното угостителско училиште „Св.Наум Охридски„ покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници од Граничната и умската Полиција, од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Националниот парк „Галичица„ од регионалниот центар за управување со кризи, од Локалниот совет за превенција како и  претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

OhridNews