Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Преку денот врнежите ќе бидат застапени во западните делови, а кон крајот на денот и преку ноќта во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 15 до 23 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен дожд. Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.
OhrdNews













