Според прогнозите времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 12 до 17 степени.
Во петок и сабота можни се повремени локални врнежи од дожд. Во недела се очекува стабилно и сончево време, а од понеделник ќе дува умерен, а наместа повремено и засилен јужен ветер.
OhridNews