Во петок на 20-ти ноември 2015 година истекува крајниот рок за доставување на апликациите за највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Св. Климент Охридски“.
Со наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на градот и за нејзиниот севкупен придонес и афирмација во Република Македонија и светот. Наградата се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за oпштината што претставуваат посебен придонес за развој на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот, во изминатиот период.
Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат за какви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
OhridNews