Претставата е под продуценската капа на Горан Стојаноски, а улогите ќе ги толкуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ. Музиката која е пропратен дел од самата изведба е на Стрезо Стаматовски и Ѓоко Алоски, додека за сценографијата ќе се погрижи Владимир Ѓорески Рафик.
Костимограф е Кристина Мукоска Затуроска, инспициент Филип Ангеличин – Жура, а дизајнот е на Номче Џулески. За сценската изведба одговорен е Борис Велјаноски, а за светлото Зоран Левески.