На 15- ти ноември, петок, со почеток во 13 часот ќе се одржи 14- та седница на советот на општина Охрид.
Советниците ќе расправаат по 40 точки на дневен ред, меѓу кои за предлог одлуките за усвојување на измени на програми од областа на образованието, социјалната заштита, комуналната сфера, од областа на урбанизмот,предлог одлуките за изменување и дополнување на Буџетот на единицата на локална самоуправа Охрид за 2013 година, како и предлог одлуката за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба Охрид ” .
Дел од дневниот ред се и неколку точки од областа на урбанизмот.