На 23- ти мај, петок со почеток во 12.30 часот ќе се одржи продолжението на прекинатата 23- та седница на советот на општина Охрид, на која меѓу точките на дневен ред се и предлог одлуките за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ за усвојување на физибилити студија и за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
Половина час порано,ќе се одржи 24- та седница на која ќе биде извршена верификација на мандатот на членот во советот кој ќе дојде на местото на Томислав Тунтев. На седницата, како точки на дневен ред се и предлог решенијата за именување претседател на Статутарно-правната Комисија, за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности и за именување член во Комисијата за месна самоуправа.
OhridNews