На репертоарот од охридскиот Народен театар, во петок, 20-ти септември е детската претстава „Алиса во земјата на чудата“ од англискиот писател Луис Карол, наменета за најмладите.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Ивица Цонев.

Почеток на претставата е во 19.00 часот, влезот е слободен.