Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 23.01.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.

Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад затоа што нашата иднина зависи од секој еден од нас, велат од претпријатието.

OhridNews