По повод 108 годишнината од Илинденското востание и патронот на црквата Св.Илија, денес, во селото Плаќе беше организирана пригодна прослава со богата културна забавна програма.


Присутните имаа можност да го проследат импровизираниот напад на селото од комитите. Се одржа и историски час пред споменикот на паднатите борци, каде беше положено и свежо цвеќе.

Во рамките на прославата беше пуштена во употреба и реновираната селска чешма.

На прославата присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески кој оствари средба со граѓаните и заеднички го одбележаа најголемиот историски ден за македонскиот народ.

OhridNews