Делегација од Општина Охрид денес учествува на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро-21 јуни штосе одржува во Поградец, Република Албанија.
Гостите од Охрид ќе го посетат Саемот на традиционаллни производи по што ќе ги проследат и културните и спортски манифестации. По повод денот на езерото, денес во Поградец свечено ќе бидат отворени два хотелски капацитети.
Денот на езерото е традиционална манифестација што секоја година на 21 јуни ја одбележуваат трите крајезерски града – Охрид, Струга и Поградец со цел симболично да ја искажат заедничката грижа за заштита на Охридското Езеро од двете негови страни. Почнувајќи од 2002 година, оваа манифестација со пригодни свечености се одбележува секоја година, наизменично во трите града-соседи.
OhridNews












