Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства.

Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall. Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 11.12.2025 до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците во Црвен крст Охрид или во аптеката Виа фарм во Ohrid mall, велат од Црвен крст.

Воедно, информираат дека доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, во Ohrid mall на 25.12.2025 г. (четврток) од 13 часот.

Ги поттикнуваме и охрабруваме хуманите луѓе за учество во оваа хуманитарна акција, потенцираат.

OhridNews