Според резултатите добиени во рамки на кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, во урбаните средини поголема е употребата на безбедносните појаси во возилата, додека во руралните средини и малите места има подобрување, но тоа е помало.

Во споредба со европските земји каде резултати под 75% за употреба на безбедносни појаси се сметаат за лоши резултати, во Македонија треба уште многу да се работи на таа проблематика.

Од советот додаваат дека заклучоците се дека во текот на двата месеца додека се спроведувало анкетирањето , употребата на сигурносните појаси полека но сигурно се подобрувала, а бројот  на возачи кои го користат се зголемил за  14%. Свеста за користење на безбедносен појас е зголемена и кај совозачите, нивниот број се зглемил за 21%.

OhridNews