Во понеделник на 16-ти јуни 2014 година ќе се изврши авионско запрашување против комарци во Охрид. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека се работи за аеросолна адултицидна дезинсекција кој треба да ги уништи возрасните комарци.
Освен во Охрид истиот ден ќе се врши авионско запрашување во Дојран и Ресен, a на 17 јуни ќе се запрашуваат општините Крушево, Берово и Чешиново-Облешево.
–Прскањето против комарци ќе се спроведе на 6 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски, во соработка со Министерството за здравство. Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона, пишува во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Во него се појаснува дека дезинсекцијата по воздушен пат ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари.
Деновиве од охридскиот Центар за јавно здравје информираа дека на почетокот на месец јули повторно ќе биде извршено земјено прскање против комарци на територијата на општина Охрид, какво што беше извршено во текот на овој и минатиот месец.
OhridNews