Во врска со трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи понеделник, 14 јули, да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.

Трагичната несреќа се случи пред два дена во близина на Струмица. Според првичните информации, за време на ноќниот тренажен лет, хелихоптерот удрил во антенски столб на Македонска Радио Дифузија висок 120 метри.

OhridNews