На 19 јули, понеделник, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.

Теренијалното запрашување ќе се врши на територија на град Охрид и крајбрежниот појас на потег од с. Подмоље до х.Парк и подножјето на планината Галичица (нас. Б.Извори), како и на потег од река Грашница, Коселска Река, крајбрежје од автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. – соопшти локалната самоуправа.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.