По повод Денот на пожарникарството во Република Македонија, на 20-ти Мај во Охрид се предвидени низа активности на локалните пожарникари од ТППЕ – Охрид.
Најпрво, во 10:30 часот ќе започне дефиле на противпожарните возила по улиците низ Охрид, а во 11:00 часот ќе се оддржи презентација на противпожарната опрема во дворот на охридската „Пожарна“.
Во 11:30 часот, во салта во противпожарниот дом во Охрид ќе се оддржи свечен прием, по што е предвидена крводарителска акција на охридските пожарникари во Медицинскиот центар.
OhridNews