Седмата Охридска школа по природно ќе се одржи во Охрид, од 27 јуни до 2 јули на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ во Научниот и уметнички центар „Уранија“ во организација на  Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ МАНУ со поддршка од Амбасадата на САД.

Охридската школа на природното право овозможува развој и соработка на студенти на државните и приватните факултети, но и практична обука за правилна примена на законските решенија што претставуваат новина и напредок во реформирањето на правото преку предавања и размена на искуства и вештини.

Целта на оваа сесија на Охридска школа е научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) од правните, политичките и економските факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата, информираат организаторите.

OhridNews