По изминати две недели од одржувањето на конститутивната седница, во понеделник, со почеток во 11 часот, ќе се одржи втората седница на советот на општина Охрид.   
Како што информираат од локалната самоуправа, прва точка на седницата ќе биде изборот на претседател на советот.Одржувањето на оваа седница се очекува да даде одговор на прашањето околу мнозинството во советот, односно дали е постигната согласност во чии раце ќе биде носењето на одлуките за понатамошната иднина на општината.

Согласно денвениот ред, советниците ќе расправаат и за формирањето на комисиите, како и за  Предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година.

Со седницата ќе претседава советничката Славица Петровска.

OhridNews