Во пораст бројот на заболени од рак на дојка во Македонија
01.10.12 11:15
Според податоците на здружението „Животна искра“ во Македонија се зголемува бројот на нови заболени од рак на дојката. Ако до пред десетина години бројот на жените со дијагностициран карцином на дојката во Македонија изнесувал 100-ина, сегашната бројка е околу 700 нови случаи годишно.
Според официјалните податоци, инциденцата на канцер на дојката во Македонија е 61 случаи на 100 илјади жители годишно, додека морталитетот е околу 25 случаи на 100.000. Најмладата жена оперирана од рак на дојката во Македонија е на 19-годишна возраст.
Месец октомври е месецот за борба против ракот на дојката и експертите апелираат дека раното откривање на ракот е од клучно значење во борбата против болеста.
Под мотото „Заедно е возможно“ Светската здравствена организација оваа година стави посебен акцент на скринингот како ефикасен начин за рано откривање на малигните заболувања.
Пушењето е најчест причинител на појавата на рак. Останатите ризични фактори за појава на рак се алкохолот, физичката неактивност и дебелината, слаба консумација на зеленчук и овошје, загадувањето на животна средина.
Во Македонија луѓето најмногу умираат од кардиоваскуларните заболувања, додека малигните заболувања се втора причина за смртност на населението.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.