Хуманитарниот концерт во организација на здружението “Хумано срце за сите”, кој првично беше предвидено да се одржи вечерва на сцената на Долни Сарај со почеток во 22 часот и 30 минути е презакажан. Ќе се одржи на градскиот плоштад, вечерва, но со почеток во 22 часот.

До промена на терминот и локацијата на одржување доаѓа поради неочекуваното откажување на настапот на “Идолите”, Иван и Билјана.


Денес, преку порака, бевме информирани од страна на нивните менаџери од “Фонолоџик”, дека тие на вечерашниот концерт нема да настапат. Сметаме дека за ваквата постапка нема оправдување затоа што воопшто не е професионално да се откажува настапот во последен миг и покрај уредно склучениот договор со нив. Во подготвувањето на концертот вложено е труд и време, картите веќе беа пуштени во продажба, исто така и плакатите на кои стојат и имињата на Иван и Билјана. Чувствувавме должност да ги повлечеме билети од продажба и настанот да го преселиме на еден јавен простор, како што е градскиот плоштад, велат од здружението.

Концертот е во организација на здружението “Хумано срце за сите”, а со подршка на Локалната самоуправа и НУ “Охридско лето”. На него ќе настапат Силвија и Влатко Плевнеш, Александар Белов, дел од Македонскиот Идоли- Јана, Кристијан, Ивица, Денис Муратовски, Џиџи и Емилија Гиевска.

Здружението “Хумано срце за сите” од Скопје, работи на остварување на правата на осигурениците од областа на здравственото, социјалното и пензиско- инвалидско осигурување, во чии рамки издвојува особено внимание на афирмирањето и решавање на проблемот на една група осигуреници кои не можат да го стварат своето право на лекување преку Фондот за здравствено осигурување, а кое поради специфичноста на заболувањето, треба да се изврши во странство.Пред се тука се опфатени деца на возраст до 15 години, болни од ретки и специфични болести.

OhridNews