Во последната анкета на ВМРО ДПМНЕ се вртат 5 имиња за градоначалник на Охрид
30.11.12 08:00
Владејачката ВМРО ДПМНЕ и натаму го испитува јавното мислење за потенцијалните кандидати за градоначалник на Охрид. Деновиве меѓу охриѓани повторно е спроведена телефонска анкета, во која од граѓаните се бара мислење за петмина можни кандидати: Дејан Пановски, Стефан Буџакоски, Цветко Грозданов, Никола Бакрачески и Александар Николоски.
Официјално партијата не ги коментира анкетите, освен тоа дека во тек се опсежни анализи, по што ќе биде донесена конечната одлука кој ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник на Охрид на претстојните Локални избори. Дали тоа ќе биде некое од спомнатите имиња во анкетите, или партијата има и други адути, останува да се види.
Извори од ВМРО ДПМНЕ велат дека изборот на кандидат за градоначалник на Охрид ќе биде направен до крајот на декември, или најдоцна на почетокот на јануари.
Меѓународниот трговски бренд SPAR денес ги отвори вратите за охриѓани Со свеченост на која присуствуваа менаџерскиот тим, вработени и бројни граѓани беше отворен првиот маркет на SPAR во Охрид лоци...
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.