Во рамки на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денес се изврши промоција на ДВД изданието “Сообраќаен буквар“ наменето за најмладата популација.

Двд-то, како нова едукативна форма треба на еден поинтересен начин да им овозможи на децата да можат да се запознаат со основните правила и прописи во сообраќајот. Преку запознавањето со семафорот и со правилата за управување на тротинет или велосипед, но и начините како најбезбедно да се помине улица или крстосница, децата ќе имаат можност интерактивно да се запознаат со сите опасности кои ги демнат на патиштата и улиците во близина на нивните училишта и домови. Меѓудругото, предвидено е комесарите за сообраќај, заедно со претставници на општинските совети да посетат околу 1.000 основни и подрачни училишта, и да го презентираат видео изданието пред основците и да им ги допојаснат сите прашања важни за нивната безбедност во сообраќајот.

Инаку, според статистичките показатели само во последниве две ипол години евидентирани се над 720 жртви во сообраќајот кои се на возраст под 7 години, при што 12 деца во овие несреќи ги загубиле живототите додека останатите се здобиле со полесни или потешки телесни повреди.

OhridNews