Во текот на вчерашниот ден целосно е локализиран пожарот во Шумско стопанската единица Буково, кој ги зафати одделите 2, 3 и 4 на површина од 165 ха, во нискостеблена дабова шума информираат утрово од ЈП „Национални шуми“.
Истата површина е опожарена пред седум години, а потоа е извршена чиста сеча пред пет години. Локализиран е и пожарот во Шумско стопанската единица Мазатар во одделите 153 и 154, каде со пожарот била зафатена белборова шума на површина од 37 ха со оштетена дрвна маса од 89 м3 /ха, велат од претпријатието.
И од Центарот за управување со кризи утрово со информација дека пожарот е локализиран во текот на вчерашниот ден во 14,50 часот, а интервенирано е со едно противпожарно возило и 4 пожарникари.
Шумскиот пожар во атарите на с.Расино, с.Вапила и с.Сирула започна на 8 август во 13.15 часот.
Апокалиптични снимки од местото на пожарот во Охридско, штетата огромна
OhridNews