Сообраќајот на товарни моторни возила од Република Македонија кон Република Бугарија, утре, во периодот од 9 до 14 часот, ќе биде во прекин, соопшти  Министерството за внатрешни работи.
Прекинот во сообраќајот е поради ставање нов асфалтен слој од почетокот на граничниот премин Златарево до Петрич Република Бугарија, информираат од МВР.
OhridNews