Утре 6 март, со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „ГригорПрличев“ во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ќе се одржи креативна работилница за деца, посветена на празникот 8 Март.
Триесеттина деца од ОУ „Св Наум Охридски“ од Пештани и подрачните училишта во Трпејца и Коњско ќе изработуваат честитки за своите најблиски.
Во четврток 7 март, на пладне, во охридската библиотека ќе се одржи поетското читање под наслов: „Убав и нежен стих-ист како жените“
Група жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст–Охрид ќе читаат свои творби и стихови посветени за жената и убавината.
OhridNews












