Во насока на потребите на читателите во Одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид функционира уште еден нов – трет пулт информираат од Библиотеката.

Се’ во интерес на читателите и полесна и побрза достапност до книгите. Библиотеката е од отворен тип и сами можете да одберете што ќе читате или да побарате помош од нашите библиотекари, велат од Библиотеката.

Потсетуваат дека Библиотеата е отворена за читатели од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот, а читалната во овој оддел работи од 9 и 30 до 17 часот, додека во Одделот за периодика читалната е отворена од 9 до 15 часот.

Пристап во читалните имаат само зачленетите во Библиотеката, а годишната членарина за возрасни изнесува 300 денари додека за деца и ученици 200 денари.

OhridNews