Во пресрет на летната туристичка сезона, започнавме активности за уредување на јавните површини на територија на Општина Охрид, информира градоначачалникот на фејсбук профилот.
Во тек се активностите за санација на кружните текови, пешачко – рекреативните патеки, мини плоштади и паркови. На кружните текови веќе се санираат елементите што се оштетени и недостасуваат, а дополнително се санира и осветлувањето. Во моментов активности за санација се одвиваат на пешачката патека Студенчишта – хотел Парк и на плоштадот кај музичкото училиште. Во наредниот период продолжуваме со санација на пешачката патека Канео – Лабино и со уредување на зелениот појас долж Булеварот Туристичка, стои во објавата.
Како што е посочено вредноста на овие активности изнесува 2 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews