Продолжуваат подготовките за одбележување на големиот празник Богојавление – Водици во Охрид.

Традиционално, пред одржувањето на големиот црковно – народен собир, нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид и „Акватек“, денеска го чистеа езерското дно кај градското пристаниште, каде на 19 јануари, стотици верници ќе пливаат по чесниот крст кој ќе биде положен во осветените води.

Од дното нас Езерото извадена беше поголема количина цврст отпад, која потоа беше соодветно одложена во депонија.

По повод Водици, градот Охрид подготвува богата програма, а централниот настан ќе биде на градското пристаниште во 10 часот.

Г. Момироски
Фото: Емил Јовановиќ