По пријава од граѓанин за настаната тепачка помеѓу поголема група на луѓе во селото Табановце, полициски службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот, каде на коловозната лента од автопатот пронајдено е едно починато лице и три повредени лица, сите со прострелни рани од огнено оружје. Според добиените првични информации се работи за мигранти кои сакале илегално да ја преминат границата и да одат во Р.Србија, при што биле пресретнати од неколку лица кои од огнено оружје пукале кон нив.
На повредените лица им е укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Куманово, од каде поради карактерот на повредите се пренесени во Клинички центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.