Во прилепскиот суд почнува судскиот процес за убиството на српскиот турист во Охрид
03.05.11 07:59
Судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој настрада во тепачка што минатиот август се случи во центарот на Охрид, ќе започне од почеток денеска во Основниот суд во Прилеп. До префрлање на судењето во Прилеп дојде откако претседателот на охридскиот основен суд, Владо Дејаноски, донесе одлука за изземање на Кривичниот совет предводен од судијката Милка Танеска, поради пропусти во постапката. Со искази се изземаа и другите кривични судии, по што надлежниот Апелациски суд во Битола предметот го предаде на Основниот суд во Прилеп. Согласно законот судењето ќе почне од почеток, а за да се надополни загубеното време закажани се уште три рочишта на 4, 5 и 6-ти мај.
Покрај судот, од процесот изземено е и основното јавно обвинителство во Охрид, кое го изготви обвинителниот акт. Нивната работа ја презеде прилепското обвинителство.
За смртта на 34-годишниот белграѓанец се обвинети Митре К. и Илче Ј., двајцата од Охрид, кои се товарат за кривично дело свирепо убиство. За истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган Ѓ., кој сеуште е во бегство. Четвртиот обвинет е Ѓоко Н. кој се товари за помагање по извршено кривично дело.
Пред да биде изземен, во Основниот суд во Охрид се одржаа две рочишта од судскиот процес за убиството на Дејан Новаковиќ, кој сега ќе почне од ново.
ЈП Водовод Охрид најавуваат прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден и кај корисниците на улицата „Вис“ Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа утре од 08:00 час...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
На 04112025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на сОровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.