Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 62- годишен жител на Дебар, на кого му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец  при што, и покрај покажаното спротивставување,присилил и извршил обљуба врз 14 годишно момче од Дебар, кое го забележал во близина на едно училиште.

Во расветлувањето на ова казнено дело, покрај полициски службеници вклучени беа и стручни лица од Центарот за социјални работи по чија иницијатива, специјалист хирург извршил специјалистички преглед во општата болница во Дебар.  

OhridNews