Поради постоење на основи на сомнение дека сторил десет кривични дела тешка кражба, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против  37- годишен охриѓанец на кого од страна на истражен Судија при Основниот суд Охрид му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. 
    
Пријавениот, со употреба на подесен алат успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти  во Охрид, одземајќи пари, таблети, мобилни телефони, облека и други предмети. Од една ординација, одзел  неколку лекарства, шприцеви и ампули „Тродон“ и  „Дијазепам“.

По серијата кражби, што охриѓанецот ги извршил изминатиов период, одделението за општ криминалитет при СВР Охрид,  реализирало повеќе оперативни активности и претрес во домот на пријавениот, кои резултирале со пронаоѓање на дел од алатот погоден за извршување кражби, повеќе ампули и други поситни предмети.     По преземени криминалистичко-технички мерки, од страна на оперативците и извршено  споредување на одземените предмети, констатирано е нивно совпаѓање со трагите кои се нанесени на влезните врати од обиените објекти. 

Со извршените тешки кражби, пријавениот, се стекнал со против-правна имотна корист од близу 160.000  денари.

Инаку, пријавениот е познат извршител на казнени дела и наркозависник против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави за што бил и затворски осудуван.

OhridNews